Хондурас воведе полициски час во два града поради убиство на 24 лица

Сподели со своите пријатели

Владата на Хондурас воведе двонеделен полициски час во два града на северот на земјата, поради убиството на повеќе од 20 лица во двата вооружени напади минатиот викенд.

Loading...

За Чолома полицискиот час во следните 15 дена е од 21 до 04 часот, а во Сан Педро Сула ќе стапи на сила на 4 јули.

Во саботата, тешко вооружени мажи убија 13 луѓе во Чолома во сала за билијард, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс, а уште најмалку 11 беа убиени во северната провинција Вале де Сул, која го опфаќа градот Сан Педро Сула.

„Покренати се бројни полициски операции, воспоставени се апсења, рации, контролни пунктови“, објави претседателот на Хондурас Ксиомара Кастро.

Министерот за безбедност Густаво Санчез во неделата најави дека владата ќе испрати предлог до парламентот да ги класифицира членовите на криминалните банди како терористи.

Тој рече дека 1.000 дополнителни припадници на полициските сили се испратени во Вале де Сула, регионот каде што се наоѓаат Чолома и Сан Педро Сула.

Нападите изминатиот викенд следеа по инцидентите во женскиот затвор во главниот град Тегусигалпа, кога 46 лица беа убиени во судир меѓу ривалските банди.