Холанѓаните на вонредни избори: Екстремната десница не издржа долго на власт

Сподели со своите пријатели

Избирачките места беа отворени во средата рано наутро во Холандија за предвремени парламентарни избори, кои треба да дадат проценка за степенот на подемот на екстремната десница низ Европа.

Гласачите имаат избор од 27 партии, од кои секоја претставува листа на кандидати кои се натпреваруваат за 150 места во Долниот дом на парламентот.

Предвремените избори доаѓаат откако претходната десничарска четирипартиска коалиција пропадна во јуни по само 11 месеци на власт.

Екстремната десница предизвика колапс на коалицијата

Колапсот на коалицијата го предизвика екстремно десничарскиот политичар Герт Вилдерс, противник на исламот и на ЕУ, поради спор околу законот за азил. Неговата Партија за слобода (ПВВ) тогаш за прв пат беше дел од владата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините

На 3 јуни, Вилдерс ненадејно ја повлече својата партија од владејачката коалиција, сметајќи дека спроведувањето на строгата имиграциска политика напредува премногу бавно.

Според анкетите, трката меѓу четирите партии е исклучително тесна.

Антиисламската ПВВ на Вилдерс може повторно да стане најголема партија, со околу 20 отсто од гласовите, но шансите тој да влезе во новата влада се многу мали бидејќи сите етаблирани партии однапред одбија да соработуваат со него.

Другите водечки кандидати се сојузот на Лабуристите и Зелената левица, Христијанско-демократскиот апел (ЦДА), прогресивната партија Д66 и десничарската Народна партија за слобода и демократија (ВВД).

Според проценките на анкетарите, само коалиција од тие четири партии би можела да обезбеди стабилно мнозинство во парламентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски МИГ-ови пресретнаа руски разузнавачки авион