Холанѓанец се обидел да пренесе над 1.000 е-цигари преку Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од Холандија бил приведен на Граничниот премин Табановце откако му биле откриени скоро 1.000 електронски цигари исполнети со непозната материја.

 

 

– На 12.09.2025 во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.А.Р.(19) од Кралството Холандија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што додаваат од полицијата, при гранични проверки и контрола на патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се 37 ќеси со вкупно 971 електронски цигари исполнети со непозната материја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со бензин испрскал „јагуар“ и „ауди“ во Долно Којнаре, избегал пред да ги запали

 

 

– Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

 

Никола Ивановски