Холандските организации собраа 106 милиони евра за Украина

Сподели со своите пријатели

Над 106 милиони евра се собрани во Холандија за помош на жртвите од војната во Украина, соопштија денеска хуманитарните здруженија.

„Досега се собрани 106,2 милиони евра“, соопшти групата, која вклучува 11 здруженија, вклучително и Црвениот крст и холандскиот дел од Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), додавајќи дека посебна банкарска сметка отворена на 1 март треба да остане отворена  да се соберат пари.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

Од колективот изјавија дека ќе можат да ги искористат парите за итна помош за Украинците, како што се медицинска нега, храна и психолошка помош.

Од 106 милиони евра, 15 милиони се од холандската влада.