Холандскиот премиер следната недела во Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден на 17 јануари во Белата куќа ќе го прими холандскиот премиер Марк Руте, соопштија денеска службите на двајцата лидери.

Loading...

Сојузниците во НАТО сакаат „да ги потврдат своите напори за зајакнување на трансатлантската безбедност и економскиот просперитет“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Руте и Бајден имаат намера да потврдат „силна поддршка за Украина“.

Холандија оваа година ќе биде меѓу земјите домаќини на Самитот за демократија, дипломатски форум инициран од Бајден.

Тој самит е закажан за 29 и 30 март и со него ќе претседава американскиот претседател со лидерите на Костарика, Холандија, Јужна Кореја и Замбија.