Холандското Министерство за одбрана соопшти дека два холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале три руски воени авиони во близина на полскиот воздушен простор и ги придружувале надвор од областа.
„Авионите, кои тогаш беа непознати, се приближија до воздушниот простор на НАТО и Полска од Калининград“, соопшти холандското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.
Министерството додаде дека по идентификацијата, било откриено дека станува збор за Ilyushin IL-20M Coot-A, придружуван од два ловци Сухој Су-27.
Холандски борбени авиони од далечина придружувале руски авиони и ја предале придружбата на партнерите од НАТО, се заклучува во соопштението.
IL-20M Coot-A е ознака на НАТО за рускиот IIyushin Il-20M, а Су-27 е ознака на НАТО за Сухој Су-28.
Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.