Бугарија, која е членка на НАТО алијансата, ќе добие до осум холандски борбени авиони и 200 војници кои ќе помагаат во воздушните патроли за време на руската воена интервенција во Украина, се наведува во денешната одлука на Владата.
Холандија ќе има два борбени авиони на должност 24 часа во Бугарија од 1 април до 31 мај за следење на воздушниот простор, во согласност со интегрираниот план на НАТО за воздушна и ракетна одбрана, се вели во одлуката.
Во моментов, четири шпански борбени авиони и 130 шпански војници даваат поддршка во набљудувањето на воздушниот простор на Бугарија. Владата одлучи да ја продолжи нивната мисија до 15 април.
Бугарија, исто така, ќе формира борбена група до 1.000 војници во тесна соработка со Алијансата.