Холандската полиција задуши кумановец при обид за апсење

Сподели со своите пријатели

Македонски државјанин од Куманово со албанска етничка припадност е задушен од страна на полицајците додека се правеле обиди да го уапсат во еден трговски центар.

Како што пишува порталот Фактор.мк, засега точните причини за смртта не се познати, но утврдено е дека македонскиот државјанин бил задушен и тоа не го демантираше ниту шефот на полицијата во Лимбург, Гери Фелдхаус.

Патролата го пронашла кумановец кој таму престојувал нелегално и му побарале документи. Во пасошот виделе печат дека му е одбиено барањето за азил и дека за 28 дена треба да ја напушти земјата. Според нив тој дал отпор при апсењето, па тие морале да употребат пепер спреј за да го совладат и да му стават лисици на рацете. На 35 годишниот кумановец му се слошило, интервенирале и лекари но тој починал.

Другата верзија на настанот е дека кумановецот ја нападнал полицијата при обидот за апсење. Кумановецот, во Холандија престојувал сам, неговата мајка и сестра живеат во Германија. Посмртните останки на 35 годишниот кумановец ќе бидат испратени во Македонија.