Амбасадорката на Кралството Холандија Озлем Џанел, денеска во просториите на Општина Куманово оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски.
Loading...
Како што информираат од кабинетот на Димитриевски, на средбата било разговарано за продлабочување на меѓусебната соработка.
– Во пријателска атмосфера беше потенцирана досегашната успешна комуникација меѓу двете земји. Разговаравме и за продлабочување на соработката, со создавање на услови за нови проекти во иднина, кои би биле од значење за граѓаните, информираат од Општина Куманово.
Никола Ивановски