Холандија стана првата држава без кучиња скитници, а еве како го реши проблемот

Сподели со своите пријатели

Ако патувате во Холандија, нема да видите кучиња скитници таму. Холандија стана првата земја во светот каде ги нема!

Loading...

Според Светската здравствена организација, во светот има повеќе од 200 милиони напуштени кучиња и кучиња скитници.

Но, холандската влада вложи многу напори да стане првата земја во светот каде нема да има сиромашни напуштени животни кои честопати живеат во најлоши услови на улица и му стави крај на проблемот.

Врската на Холанѓаните со кучињата како миленичиња трае уште од дамнешни времиња. Едно време, само припадниците на повисоките сталежи имале среќа да ги чуваат кучињата како миленичиња, и ова претставувало статусен симбол за нив.

Кучињата биле во сопственост и на членови на пониските класи, но тие биле користени главно за напорна работа.

Како резултат на тоа, сè повеќе членови од горната класа уживале во друштво на различни раси на кучиња, но проблемот започнал во 19 век со почетокот и ширењето на беснилото.

Во тоа време, постоело заедничко верување дека здравјето на кучињата е одраз на здравјето на сопственикот, така што повеќето од оние кои уживале во тоа статусно право на своето животно, со појавата на беснилото веднаш ги напуштиле.

Првите иницијативи за регулирање на напуштените кучиња и кучињата скитници се појавиле во 19 век кога владата вовела данок на кучиња. Иако на почетокот звучело одлично, се случил контра-ефект. Повеќето луѓе немале пари да плаќаат даноци или не ги сакале кучињата повеќе, така што, наједноставно решение било да се исфрлат миленичиња на улица.

Loading...

Бројот на кучиња оставени од година во година се зголемувал, а Холанѓаните биле првите што го решија проблемот. Тие дизајнираке национална програма која се покажа како вистински хит.

Програмата, одобрена од Светската агенција за заштита на животните, се нарекува CNVR, која се грижи за собирање на животни од улица, нивно кастрирање и вакцинирање.

Исто така, се наметна и посебен данок за набавка на животни, што многумина од оние што сакале да купат кучиња ги пренасочило кон идејата да заминат во засолништа за напуштени животни за своето милениче.

Одлуката за плаќање данок, или т.н. „хондебеластинг“, секоја општина ја донесува поединечно, а сумата што Холанѓаните треба да ја платат се зголемува со бројот на кучиња што ги чуваат.

Во пресметката, не е важно дали кучето е големо или мало, или каква раса. Кучето како домашно милениче мора да биде регистрирано, а доколку тоа не се направи во предвиден рок од 14 дена до три месеци, ќе се испрати казна на матичната адреса.

Кучето при регистрација добива метален приврзок, кој сопственикот е должен да го стави на поводникот. Интересно е и дека има некои општини каде редовно се проверува дали се почитуваат правила со одење од врата до врата.

Просечниот данок годишно за чување на едно куче е 74 €, додека највисок е во Гронинген и изнесува 124,80 €.

Покрај националната програма и воведувањето даноци, формирана е и специјална „животинска“ полиција за надгледување на напуштањето на кучињата, што во Холандија се смета за кривично дело за кое се изрекува ригорозна казна.

Loading...

Кастрацијата на кучињата стана бесплатна, а неколку дена во годината, на Холанѓаните им беше дозволено да ги носат своите миленици бесплатно на ветеринар за преглед и вакцинирање.

Покрај тоа што ќе бидете казнети, ако го оставите вашето куче во Холандија, можете да завршите во затвор и да останете таму до 3 години и да платите 19.500 евра.

Leave a Reply