Холандија, Германија и Данска испраќаат 100 тенкови Леопард во Украина

Сподели со своите пријатели

Холандија, заедно со Германија и Данска, планира да ѝ достави на Украина околу 100 борбени тенкови Леопард.

Ова го соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте во Киев, пренесува Укринформ.

– Холандија заедно со партнерите од Германија и Данска се подготвува да и предаде на Украина 100 тенкови Леопард. Ова е навистина силна поддршка за Украина – рече Зеленски.

Претседателот посочи дека заеднички приоритет на Украина и нејзините партнери е што е можно повеќе да се забрза испораката на помош за украинските војници.

Шефот на државата ѝ се заблагодари на Холандија за неодамнешната одлука за префрлање на системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите брутално ја нападнаа Украина. Има мртви, струјата е прекината

Тој додаде дека разговарал со Руте за други потреби на украинската армија за да обезбеди „заштита од рускиот реваншизам“.

Како што јави Укринформ, холандскиот премиер Марк Руте е во работна посета на Украина.