Холандија: 175 милиони евра воена помош за Украина

Loading...
Сподели со своите пријатели

Холандија ќе ѝ обезбеди на Украина 100 радари за откривање дронови и 20 возила за медицинска евакуација како дел од новиот пакет помош од 175 милиони евра, изјави денес холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.

Се очекува испораката на радарот, кој ќе помага во откривањето на дојдовни дронови и пренесувањето податоци до системите за воздушна одбрана, да биде завршена до крајот на годината.

Холандското Министерство за одбрана во петокот прецизираше дека 80 милиони евра од тој пакет ќе бидат насочени за поддршка на дронови преку меѓународната коалиција за дронови.

Овој пакет следеше по договорот за производство на 600.000 дронови во соработка со украинската одбранбена индустрија, во вредност од 500 милиони евра, кој беше објавен пред самитот на НАТО во Хаг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Планирам да се сретнам со Трамп за време на самитот на НАТО во Хаг

Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, Холандија вети околу 10 милијарди евра воена помош.