Боењето не е само за децата, туку го намалува стресот, го брка лошо расположение и ја поттикнува креативноста, а тоа го докажале бројни студии.
Боењето е на исто ниво со медитација, а заради неговите позитивни ефекти, многу лекари го препорачуваат како форма на терапија.
Знаци кои укажуваат дека имате висока социјална интелигенција
Оваа техника ви помага да се фокусирате на сегашниот момент и да се оддалечите од проблемите што ве мачат.
Студијата за 2018 година, објавена во списанието „Уметност на психотерапија“, ги опиша искуствата на 200 испитаници кои биле хоспитализирани поради одење на операција.
Истражувачите откриле дека сите забележале пониски нивоа на стрес и вознемиреност, како и подобрување на расположението, по 50-минутна терапија со боење.
Со овие 10 навики луѓето ќе ве сметаат за поинтелигентни
Благодарение на повторувачките движења, мозочните клетки се релаксираат, а употребата на одредени бои влијае на нервниот систем. Сините и зелените релаксираат, додека црвената, портокаловата и жолтата го подигаат нивото на енергија и мотивација.
Боењето ги одмора очите и ги отстранува темните кругови
Кога само на еден час светлината на екранот од таблетот, компјутерот или телефонот ќе го замените со боенка ќе го намалите оптеретувањето на очите и ќе се намалат темните кругови и подочници на очите.
Ова хоби го подобрува и квалитетот на спиењето, велат лекарите.