ХИТ: Крадец среде кражба повикал полиција за да го спаси

Сподели со своите пријатели

Крадец на автомобили во Норвешка повикал полиција да го спаси, откако останал заклучен во автомобилот кој се обидел да го украде.

Loading...

Како што соопштила полицијата во Трондхајм, момчето со мобилен телефон се јавил во полиција од автомобилот во кој останал „заробен“ на паркингот среде авто-салонот.

Норвешката телевизија NRK соопшти дека се работи за 17-годишно момче, кое претходно и е познато на полицијата поради полесни прекршоци.

Засега останува тајна зошто се блокирале сите врата и младиот крадец останал заробен во возилото.

Полицијата на Твитер порачала дека побрзале налице место за да го спасат крадецот, но и да го приведат.

Leave a Reply