Атрактивната британска реалити звезда Коли Фери успеала некако да ги заглави прстите во таблата што ја ставила над кадата додека се капела.
Се разбира, исто како и секој искусен човек од Инстаграм, Фери веднаш ја фотографирала оваа исклучително бизарна сцена на телефонот и ја објавила, но следната реченица сведочи дека несреќата очигледно била доста болна и непријатна:
“Ако мислите дека имате лош ден, само погледнете што ми се случи! Јас само мислев дека ќе се опуштам и ќе се бањам, а сега лежам потполно гола во кадата и размислувам да повикам пожарникари за помош “, напишала таа во соопштението.
Фери сепак успеала некако да излезе од кадата и да се повлече со табла меѓу прстите до спалната, и на крајот сама се ослободила од тоа парче дрво.
View this post on Instagram