Имитација е еден од главните начини на учење и кај луѓето и кај животните. Животните учат, на пример, како да ловат или како да се хранат гледајќи ги нивните родители. Но, кога родителите не се наоколу, понекогаш добро доаѓа видео со други животни од мобилен телефон.
На Редит неодамна беше објавено видео со наслов „Овој спасен гулаб учи да јаде гледајќи други гулаби како јадат“. Додека мажот држи мобилен телефон на кој се пушта видео од птиците како јадат, гулабот ги гледа и ги имитира нивните движења.
Еден корисник на Редит во коментарите се прашуваше како нешто толку важно како хранењето не е дел од „инстинктот за преживување независно од демонстрациите“.
„Работата е во тоа што родителите ги хранат со сила малите птици кога ќе се родат. Отпрвин родителите ги хранат, но не јадат така подоцна, кога ќе се осамостојат. Некогаш имаше популарно видео во кое птица ја отвора устата пред гасеница. Птицата е таа што очекуваше гасеницата сама да влезе во нејзината уста, и поради тоа мислам дека учат како да јадат и дека тоа не доаѓа инстинктивно.” објасни друг корисник.