Хирурзи запалиле пациент при операција на срце

Сподели со своите пријатели

Спасоносна операција за еден Австралиец тргнала по зло, кога поради низа несреќни околности парче газа во неговиот граден кош се запалило. За некое чудо, лекарите успеале да го изгаснат огноте и завршат зафатот без други комплиакции.

Loading...

Шеесетгодишниот бил на операција на срцето поради дисекција на аорта, кинење на ѕидот на најголемата артерија во човечкиот организам што може да доведе до смрт. Меѓутоа, други здравствени проблеми на пациентот анчително ја отежнале работата на лекарите.

Хирурзи од стомак на пациент извадиле сијалица (фото)

Имено, освен примарен проблем пациентот пател од хронична опструктивна болест на белите дробови, а за да дојдат до неговото срце хирурзите морале да му го отворат градниот кош низ градна коска, за која поради споменатата болест тиковото на десното белодробно крило се залепило.

Најголем проблем на лекарит еим претставувале булите, кои претставуваат некој вид пликови, кои често се јавуваат кај хронично опструктивни болести на белите дробови. Во обид внимателно да го издвојат белодробното крило од градната коска, хирурзите пробиле една од булите, предизвикувајќи проток на воздух низ неа.

Зошто хирурзите во операциона сала носат зелена или сина облека?

Поради тоа на пациентот одлучил низ вентилатор да му додаваат кислород, за да обезбедат непречено дишење.

Кога конечно стигнале до аортата, дел од зафатот подразбирал електрокаутеризација, која преку загревање го прекинува крварењето. Близу отворениот граден кош се нашло парче материјал на кој имало хирушки инструменти.

Loading...

Бебе оживеало по срцев застој од 22 минути (ВИДЕО)

Искра од инструментот за електрокаутеризација паднала на материјалот, кој веднаш се запалил благодарение на средината исклучително богата со кислород.

За среќа, лекарите успеале бргу да го изгаснат огнот, без никакви последици по пациентот. Успешно го завршиле зафатот и ја поправиле аортата.

Живеел како човек-лав цели 23 години, неговото лице отекувало, а коските растеле (ВИДЕО)

Интересно е што ова не е прв пат да се случува нешто такво, бидејќи подоцна во медицинската литература откриле уште шест слични ситуации.

Во чудниот случај поднесен е детален извештај на конгресот „Евроанестезија“ на годишниот собир на Европското друштво на анестезиолози одржано во Виена.

Leave a Reply