Хиџабот го заменила со кратко здолниште: Многу луѓе сега ја осудуваат за промената што ја направила (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Саудиската принцеза Дина Аљухани Абдулазиз успеа да изгради сопствен живот и стана модна икона ширум планетата.

Loading...

Дина е мајка на три деца и стана принцеза кога се омажи за Фахад бин Насер бин Абдулазиз.

Целиот живот негуваше силна страст за модата и тоа ја доведе до уредничка позиција во списанието Вог Арабија, но не остана долго таму бидејќи не сакаше да прави компромиси со издавач кој не ги разбираше нејзините идеи.

 

 

Дина има своја модна линија, а во продавниците каде што ги продава своите парчиња, клиентите можат да најдат инспирација за промена на стилот.

– Жените во Саудиска Арабија се грижат за модата уште од крајот на шеесеттите и купуваат уникатни модни парчиња. Не зборуваат за тоа, не го покажуваат на другите, не се фотографираат затоа што се смета за вулгарно – рече таа.

Loading...

 

 

Нејзиниот уникатен моден стил ја издвојува од другите жени кои се појавуваат во големите модни центри како Париз, Милано и Њујорк.

 

 

Нејзините стилски адути се кратката коса, мини фустаните, ексцентричните комбинации и нагласената женственост.

Loading...