Кинеските медиуми го прогласија спасувачот Лу Венхуи за херој на денешницата, кој помина дури 10 часа во вода гушкајќи претходно заглавен кит, со цел да ја задржи главата под вода и да го олесни дишењето.
Во плиткото морско подрачје во близина на Линхај во Кина, Ли и другите спасувачи пронашле 12 заглавени китови. Несреќните животни биле на работ на смртта и само седум од нив биле спасени.
За да остане жив, спасувачката екипа испробала разни техники, од копање јами што би биле исполнети со вода, поставување чадори, ладење со коцки мраз, до постојано истурање вода врз нив, пренесува „China Daily“ на Твитер.
Тогаш Лу решил да облече костум за нуркање и да прегрне еден од несреќните китови, за да се осигура дека главата му е постојано под вода и тоа го правел дури 10 часа, додека не се подобрила состојбата на животното.
#EverydayHero Rescuer Lu Wenhui held a melon-headed whale’s head in the water for 10 hours so the animal could breathe after it was stranded in a shallow sea area off Linhai, Zhejiang. Twelve whales were stranded. Lu and other rescuers were able to save all but five. #wildlife pic.twitter.com/FDDVusHGYj
— China Daily (@ChinaDaily) July 9, 2021