Хероите на Црвен Крст во спасувачка мисија во липковскиот крај (видео)

Сподели со своите пријатели

Мобилен тим Липково при Црвен Крст на Град Скопје во текот на последните 48 часа, во потрага и згрижување на бегалци во тој крај, се најде во состојба да помага на завеаните села и да помага при извлекување цивили и патнички моторни возила од завеаните патишта кои се уште се нерасчистени од големите наноси.

 

Според кажувањата на членовите на тимот, тие во последното деноноќие, од завеани патишта извлекле повеќе од 20 цивили. Во тој регион, патиштата се веќе непроодни од селото Речица кон с. Ваксинце, но и во останатите села кои гравитираат околу српската граница. 

  • Освен што спасивме четворица бегалци да не премрзнат од студ со тоа што ги однесовме во ТЦ Табановце, во последното деноноќие, членовите на Мобилен тим Липково, згрижуваа локални лица во болница, вадеа завеани автомобили и згрижија над дваесет лица да не премрзнат од студ, додека чекаа со наше возило да бидат извадени од завеаните патишта, вели Сандра Томовска, координатор на Мобилен Тим Липково при Црвен Крст на Град Скопје.

Мобилниот тим Липково работи во липковскиот регион од август минатата година, и во тој регион успешно се справува со намалување на страдањата на ранливите категории бегалци, кои транзитираат кон Србија.