Хенкок: Британските болници се подготвени за вакцинација

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави денеска дека програмата за вакцинација против коронавирусот во таа земја ќе почне следната недела и британските болници се подготвени да ја спроведат.

Loading...

Набрзо откако Велика Британија стана прва држава во светот која ја одобри вакцината на Фајзер и БионТек, тој истакна дека тоа е одлична вест.

Хенкок нагласи дека се очекуваат милиони дози од оваа вакцина до крајот на годинава.

Гостувајќи на Би Би Си, британскиот министер најави дека тој во живо пред камери ќе се вакцинира.

Според него, вакцината претставува „светло на хоризонтот“ и додаде дека при вакцинацијата ќе има приоритетни групи, врз основа на клиничките потреби.

Габриела Точко

Leave a Reply