Финска во моментов нема директни воени закани од Русија, изјави денеска постојаниот претставник на земјата во НАТО, Клаус Корхонен, пренесува ТАСС.
Тој рече дека потенцијалниот пристап на неговата земја во НАТО може да биде резултат на „многу драстична промена во нашата безбедносна средина“, но во моментов нема „директни воени закани“ или какви било „нерегуларни активности“ од Русија.
Во исто време, истакна дипломатот, Хелсинки очекува дека Москва може да организира сајбер напади и „кампањи за дезинформација“.
Зборувајќи за ризиците од нуклеарен конфликт, Корхонен нагласи дека тие во моментов се минимални.
„Ние сме многу далеку од каква било нуклеарна ситуација“, рече тој.
Грузискиот одметнат регион сака да се приклучи на Русија: „Чекаме сигнал од Москва“
На почетокот на април се интензивираа дискусиите за можното приклучување на Финска во НАТО. Главните членки на алијансата ја поддржаа оваа иницијатива.
Во Финска мнозинството пратеници гласаа за влез на земјата во воениот блок.
Русија вчера предупреди дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО.
Грузискиот одметнат регион сака да се приклучи на Русија: „Чекаме сигнал од Москва“
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“.