Хеликоптер тргнал да земе пациент, па се срушил и запалил, загинале сите во него!

Сподели со своите пријатели

Четири лица загинаа кога хеликоптер за медицински транспорт се урна во североисточна Аризона во вторник.

Loading...

Хеликоптерот полетал од Албукерки, Ново Мексико и бил на пат да земе пациент од болница кога се урнал и се запалил во близина на аеродромот Чинле околу 12:40 часот.

Сите служби за итни случаи веднаш се упатиле кон местото на настанот, но за жал немало преживеани.

Според медиумите, во авионот имало двајца пилоти и двајца болничари.

„Тие се обиделе да слетаат и за жал нешто тргнало наопаку“, изјави шефот на полицијата Емет Јази.

Екипите планирале да земат пациент на кој му била потребна интензивна нега од федералната болница на Индиската здравствена служба во Чинле, изјави Шарен Сандовал, директорка на Одделот за управување со вонредни состојби на народот Навахо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран погуби двајца мажи за шпионажа и врски со Мосад и ИСИС

Таа рече дека планот бил да се вратат во Албукерки. Локацијата и состојбата на пациентот се непознати.

Властите почнале да добиваат извештаи во 00:44 часот за црн чад на аеродромот, рече Сандовал.

Loading...

Причината за несреќата е непозната, соопштија. Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и ФАА истражуваат.

Идентитетот на загинатите не е познат.

Претседателот на Навахо нацијата, Буу Нигрен, изјави на социјалните мрежи дека е скршен од несреќата.

„Ова беа луѓе кои ги посветија своите животи на спасување на другите и нивната загуба е длабоко почувствувана низ целата Навахо нација“, рече тој.

Медицинскиот воздушен транспорт од Навахо нацијата е вообичаен бидејќи повеќето болници се мали и не нудат напредна или трауматска нега.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руанда ќе прифати 250 мигранти од САД

Аеродромот Чинле е еден од ретките аеродроми во сопственост и управување на племето на огромниот резерват од 70.000 квадратни километри што се протега во Аризона, Ново Мексико и Јута – најголемата копнена база на кое било племе на Индијанци.

 

Loading...