Хеликоптер на АРМ го гаснеше пожарот во липковско

Сподели со своите пријатели

Хеликоптер на Армијата на Република Македонија вчера учествувал во гаснењето на пожарот во реонот на селата Пресница и Стрима во Општина Липково.

Loading...

Од 15:05 часот хеликоптерот направил 25 прелети и во голем дел од критичните точки биле елиминирани, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

– На терен беа присутни едно возило Лада Нива сопственост на Шумско стопанство Подружница Куманово со седум лица, како и еднен камион за гаснење шумски пожари од 4,5 тони ноисивост на вода, со тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, стои во дневниот билтен на РЦУК.

Според информациите доставени утринава од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот сѐ уште бил активен вчера околу 20 часот, кога екипите биле повлечени од терен поради неможност да се дејствува во ноќните часови.

Инаку пожарот на оваа локација првично избувна на први месецов, по што беше делумно изгаснат, но во меѓувреме повторно се активираше.

Никола Ивановски

Leave a Reply