Авионот „Ербас БК117 Д-3“, во сопственост на „Истиндо Ер“, изгуби контакт со контролата на летање осум минути по полетувањето од аеродромот во округот Котабару во индонезиската покраина Јужен Калимантан во понеделник.
Авионот бил на пат кон градот Палангкараја во покраината Централен Калимантан.
Меѓу осумте лица што биле во хеликоптерот има тројца странски државјани – еден Американец, еден Бразилец и еден Индиец.
Вкупно 140 членови на заедничкиот тим, вклучувајќи ја полицијата, војската, локалните агенции и жителите, беа испратени по копно и воздух за да го прочешлаат шумскиот појас од 27 квадратни километри во Мантеве, округот Танахбумбу.
Операцијата е поддржана и од два хеликоптери кои наизменично ќе го пребаруваат подрачјето, изјави И Путу Судајана, раководител на Агенцијата за пребарување и спасување во Банџармасин.
– Се надевам дека, со молитви на сите, денешната операција ќе биде успешна и дека ќе можеме да го пронајдеме местото на инцидентот – рече Судајана.