Хедер Бленчард одлучила наместо во луд провод во градот, ноќта да ја минува во удобноста на својот дом во мало село. Но, наместо опуштање со чаша вино и омилен филм, оваа триесет и четиригодишна вештерка фрла магија
Целта и е едноставна – да привлече пари и изобилство во својот живот.
https://www.instagram.com/p/BY26_2TgXJr/?utm_source=ig_embed
Loading...
Секој чекор Хедер внимателно го бележи со својата камера, а фотографиите од ритуалите ги објавува на Инстаграм со хаштагот #witchy. Брзото Гугл пребарување открива дека не е сама. Всушност, повеќе од 398.000 објави се тагирани на ист начин.
Хедер е вештерка и како и многу други модерни вештерки, совршената платформа за собирање ја пронашле на Инстаграм, Фејсбк и другите социјални мрежи.
– Создадовме вистинска заедница која ни помага меѓусебно, разговараме, делиме магии и разменуваме искуства, вели Хедер која за магите прв пат се заинтересирала како тинејџерка.
https://www.instagram.com/p/BXcsXHdAPj1/?utm_source=ig_embed
Откако ја посетила локалната продавница која во понудата има разни кристали и книги за магија, Хедер одлучила да испрба едноставна магија за подигање на самодовербата. Ритуалот бил едноставен – требало само да се запали една свеќа и тамјан и да се изговори кратка мантра.
– Кога имав 16 години, направив еден ритуал пред одењето на интервју за работка како келнерка. Запалив свеќа, се погледнав во огледало и 25 пати повторив: „Ќе ја добијам оваа работа“ и успеа, тврди Хедер.
– Се изненадив кога видев дека постои силна заедница на модерните вештерки. Во ноември 2015. година добил повик од една жена да дојдам на нејзиниот „магичен имот“ во Њујорк. Заедно минавме четири дена разменувајќи магиски рецепти и обавувајќи ритуали. На парче хартија запишавме се што сакавме да решиме во животот и потоа хартијата ја запаливме. Сфатив дека Фејсбук објавите и Инстаграм се најдобар начин луѓето да ги запознам со својот интерес и местата каде се изградива самата во празна соба од мојот дом, која сега изгледа како вистинска соба за медитација, а не како нешто од хорор филмови. Сакав сите да видат дека магијата не мора да биде зла и страшна. За среќа, реакциите беа многу позитивни и добив целосна поддршка од пријателите, раскажува Хедер.
https://www.instagram.com/p/BaHQCTSh7ev/?utm_source=ig_embed
– Социолозите кои се занимаваат со проучување на феноменот модерни вештерки велат дека тоа благодарение на медиумите станало популарно како никогаш порано. Благодарение на добрите фото филтери и привлечното тагирање, апсолутно се може да се претстави како ултра-модерно и во тренд и во тоа е најголемата магија на социјалните мрежи, смета Хедер.
Хедер повеќе пати се соочувала со остри реакции на скептици.
https://instagram.com/p/Bb-TpFOgvrH/?utm_source=ig_embed
– Се случувало неколку пати на улица да ми се доближат луѓе кои во лице ми кажуваат да се откажам од глупости и да започнам да читам Библија. Никогаш не влегував во конфликт со нив затоа што знам дека од мене сакаат да извлечат само некаква реакција. За жал, во јавноста вештичарењето тесно се врзува со сатанизмот, а филмовите долеваат масло на огинот, додава таа.