Хаски не можеше да ја сокрие возбудата кога по два месеци ја виде сопственичката (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хаскито Сноу бил исчезнат два месеци и очигледно кученцето било жртва на киднапирање што се случило на Флорида.

Loading...

Според наредникот Грисел Фернандез од полицискиот оддел Мајами – Даде, околностите за неговото исчезнување сè уште се испитуваат. Она што е познато е дека пронаоѓањето на Сноу во никој случај не било лесна задача.

„Стана лично. Беше како да барате игла во сено”, изјави тој за Додо.

Но, по два месеци неуморно пребарување, Фернандез конечно го пронашол. И во моментот кога Сноу се обедини со својата загрижена сопственичка, сето тоа се исплатеше.

Сноу е дома сега, безбеден и здрав.

„Се чувствував среќно. Некако сè уште не верувам во тоа, но пресреќен сум што упорноста ми се исплати”, рече Фернардез.

Повеќе детали за сомнителното исчезнување и што било потребно за да се најде кучето, ќе бидат објавени кога ќе заврши истрагата. Но, во меѓувреме, како што рекле колегите на Фернандез од полицискиот оддел Мајами – Дејд: „Бакнежите на ова кутре кажуваат сè“.

 

Loading...

Leave a Reply