Хашкиот трибунал утре ќе одлучи дали на Русија ќе ѝ се суди за геноцид

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот суд на правдата во Хаг утре ќе одлучи дали ќе и суди на Руската Федерација за геноцидот во Украина од почетокот на „специјалната воена операција“ на 24 февруари.

Прес-службата на Меѓународниот суд на правдата на Твитер излезе со соопштение за седницата и за точките за кои ќе се разговара.

 

Ројтерс: Инвазијата го подели православието и го изолираше рускиот патријарх

 

Се истакнува дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг е подготвен да одлучува за случајот на Украина против Руската Федерација во согласност со Конвенцијата за спречување на геноцид.

Одлуката се очекува на 16 март во 16 часот по локално време, а во овој момент ќе се одржи отворен состанок во Палатата на мирот во Хаг.

Украина на 27 февруари поднесе тужба против Русија до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, бидејќи, како што велат, Москва изнесува лажни тврдења дека се случил геноцид за да ја оправда војната.

 

Украина тврди дека убиле повеќе од 13.500 руски војници

 

Украина наведува дека „Руската Федерација лажно тврди дека се случил геноцид во областите Луганск и Доњецк во Украина и врз основа на тоа ги признала Доњецката Народна Република и Народна Република Луганск“.

Властите во Киев соопштија дека покренале случај за да утврдат дека Русија нема правна основа да преземе акција против Украина за да спречи и казни каков било наводен геноцид.

„Овој суд мора итно да ја заштити Украина додека не го реши овој спор. Украина во моментов се соочува со катастрофални и целосно неиспровоцирани воени напади и со секој изминат ден од овие акции сериозно се кршат човековите права на украинскиот народ“, се вели во барањето што Киев го достави до Хаг.