Американскиот потпретседател Камала Харис го пофали полскиот народ што прифатил повеќе од еден милион бегалци откако Русија ја започна инвазијата на Украина.
Харис ги даде коментарите во четвртокот по состанокот со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и откако Претставничкиот дом на САД го одобри пакетот помош што вклучува помош за Украина и нејзините европски сојузници.
Предлогот вклучува и 6,8 милијарди долари помош за бегалците и друга економска помош.
„Гледав и читав за работата на обичните луѓе кои прават извонредни работи и ви изразувам благодарност во име на американскиот народ“, рече Харис.
Харис се сретна и со полскиот претседател Анджеј Дуда. Тие попладне треба да одржат прес-конференција.
Британија: Загрижени сме дека Путин ќе употреби хемиско оружје
Предвидено е Харис да се сретне и со канадскиот премиер Џастин Трудо за време на неговиот престој во Варшава.
Канадскиот лидер беше во посета на Европа во последните денови, каде се сретна со сојузниците за украинската криза, пренесува АП.