Харис, Макрон и Шолц се согласија тесно да соработуваат за Кина

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Камала Харис, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија за време на разговорите во Минхен тесно да соработуваат на, како што велат, предизвиците што ги поставува Кина, објави Белата куќа.

Loading...

Харис изјави за МСНБЦ дека САД биле во право што го собориле кинескиот надзорен балон бидејќи, како што изјави таа, „тие биле сигурни дека Кина го користи за да го шпионира американскиот народ“.

Дипломатските комуникации на САД со Кина остануваат отворени по соборувањето на кинескиот балон, но контактите меѓу војските на двете земји остануваат затворени, соопшти во петокот Белата куќа.

Во исто време, претставникот на Пентагон во Кина, заменик-помошникот секретар за одбрана Мајкл Чејс, е во посета на Тајван, изјавија во петокот два добро информирани извори, што може дополнително да ги влоши тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон, според Ројтерс, пренесе Танјуг.

Кина постојано бара странските претставници да не го посетуваат Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.