Книгата „Самиот цар: Како Путин нè измами сите“ го разоткрива приватниот свет на човекот кој владее со Русија повеќе од две децении – свет во кој моќта, парите и тајните се испреплетени со љубовни врски што Кремљ внимателно ги криел со години.
Во летото 2021 година, во зори, руската тајна полиција изврши рација во станот на новинарот Роман Баданин, еден од најпознатите опозициски истражувачи во Москва.
Со часови го претресувале секој агол од неговиот дом и автомобилот на неговата сопруга – поради, како што подоцна ќе се покаже, „непријатно“ интервју со девојка за која се веруваше дека е вонбрачна ќерка на Владимир Путин, пишува Дејли меил.
„Приватниот живот на Путин е една од најстрого чуваните теми во Русија. Меѓу новинарите велат: „Не го чепкајте неговото семејство“, рече Баданин, денес во егзил во Калифорнија, во интервју за Дејли меил.
Со долгогодишниот соработник Михаил Рубин, Баданин штотуку ја објави книгата „Самиот цар: Како Владимир Путин нè измами сите“, во која презентира претходно непознати детали за љубовниот живот на рускиот претседател – и за моќта, парите и влијанието на жените кои му биле блиски.
Првата сериозна вонбрачна врска, тврдат авторите, била со Светлана Кривоногих, тогаш чистачка во Санкт Петербург.
Тие се запознале кон крајот на деведесеттите години, а во 2003 година се родила нивната ќерка Елизавета, денес позната како Луиза Розова.
Интервјуто што ќерката на Кривоногиха го даде на порталот „Проект“ на Баданин предизвика реакција на Кремљ и прогон на новинарката.
Недолго по раѓањето на детето, Кривоногих, според документите од Пандора, станала сопственик на луксузен стан во Монте Карло вреден речиси три милиони фунти и голем број недвижности во Русија, а нејзиното богатство се проценува на повеќе од 78 милиони фунти.
Следна на листата, и најпозната партнерка на Путин, е Алина Кабаева, златна олимпијка и поранешна ритмичка гимнастичарка која руските медиуми ја нарекоа „најфлексибилната жена во Русија“.
Olympic Gold medalist Alina Kabaeva and rumoured lover of Russian President Vladimir Putin has reappeared looking tired and stern following a long public absence and house arrest rumourshttps://t.co/DS7oSBqYTi pic.twitter.com/cVMiJyktE9
— Daily Star (@dailystar) December 10, 2023
Кабаева и Путин се запознаа во 2004 година, а нивната врска, според новинарите, започнала две години подоцна.
„Врската“ го достигна својот врв кога Кабаева беше назначена за шеф на Националната медиумска група во 2014 година, со годишна плата од повеќе од седум милиони фунти.
Таа и Путин, пишуваат авторите, имаат два сина, Иван и Владимир.
За време на Зимските олимписки игри во Сочи, двајцата носеа венчални прстени, а во тоа време Путин веќе беше официјално разведен од својата прва сопруга Људмила, со која помина три децении.
Наводните врски на Путин не застанаа ни тука.
Во книгата се споменува и случајот на Алиса Харчева, тогаш 17-годишна ученичка која учествувала во календарот за родендени посветен на претседателот во 2010 година.
Фотографија од неа во сатенска маица беше придружена со натпис: „Владимир Владимирович, ти си најдобар!“
Една година подоцна, таа се запишала на престижниот Московски универзитет, и според книгата, наскоро почнала да живее во луксузен стан во затворен комплекс во центарот на Москва.
„Путин и неговиот внатрешен круг го сметаат бракот за необврзувачка институција – изневерувањето и полигамијата се норма, а секоја жена зависи од маж за нејзиниот статус и успех“, пишуваат Баданин и Рубин.
Нивната книга, исто така, потсетува на цената на истражувањето на вакви теми во Русија: по објавувањето на интервју со наводната ќерка на Путин, Баданин и Рубин беа прогласени за „непожелни“, а уредниците на Проект беа распуштени, рече Баданин.
Книгата „Самиот цар“ го разоткрива приватниот свет на човекот кој владее со Русија повеќе од две децении – свет во кој моќта, парите и тајните се испреплетени со љубовни врски што Кремљ внимателно ги криел со години.