Откако претседателот на Турција го прозва премиерот на Косово, Рамуш Харадинај во врскасо смената на министерот за полиција и осудата да се „бранат оние кои се обидоа да изведат пуч во Турција“, се огласи и претседателот на Владата на Косово, пишува РТК1.
Хараднија на Ердоган му порача дека нема да дозволи мешање во внатрешното прашање на Косово и додаде „дека Албанците немаат обичај да се мешаат во туѓите работи“, пренесува јавниот сервис на Косово.
– Никогаш не сум се мешал во внатрешните работи на Турција. За решавање на работиет во нашиот дом никогаш не сме прашале некого, тоа го правиме кога ние сакаме. Нека им биде јасно на сите, рекол Харадинај, а пишува РТК1.