Косовскиот премиер во оставка Рамуш Хараднија потврди дека денеска ќе патува во Хаг, каде ќе биде сослушан во специјален суд за злосторства кои ги сториле поранешните припадници на ОВК врз српското и неалбанско население.
Loading...
– Да, утре патувам во Хаг, рекол кратко вчера за Т7 ТВ, пренесува приштинската „Газета експрес“.
Оценил дека оставката од премиерската функција ја поднел затоа што бил „лош преседан“ кога шеф на една држава би се испорачал во Хаг.
Како што рекол смета дека со тоа би бил загрозен суверенитетот на Косово и додал дека тој тоа не би го направил на земјата, затоа што тоа би било доказ дека Косово е ранливо.
Специјалниот обвинител би требало да го сослуша во среда.