Во Парламентот на Албанија денеска повторно дојде до конфликт меѓу опозицијата и собраниското обезбедување, а дел од пратениците запалија и димни ракети.
На денешната седница треба да биде усвоен буџетот за 2024 година, но членовите на Демократската партија, групата која го поддржува Саља Бериша, најпрво со своите тела го блокираа пристапот до говорницата, а кога се обидоа да го сторат тоа со столчињата дошло до конфликт со собраниското обезбедување, пренесува Албанска пошта.
Во пресрет на седницата, шест пратеници беа исклучени од работата на тоа тело на 10 дена поради нередот што го направија на седницата одржана на 4 декември, а меѓу нив е и Бериша, пренесува Балкан веб.
Претседателката на Собранието Љиндита Никола го исклучи од седницата претставникот на Демократската партија бидејќи, како што изјави, фрлал цигари во салата, а потоа ја затвори седницата за јавноста.
The clash between the MPs of the opposition and the Guard of the Republic has started in the #Parliament of #Albania. The 2024 budget is expected to be voted on today. pic.twitter.com/DoYgEZ3DQJ
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 7, 2023
The session where the 2024 budget was voted on lasted only 10 minutes. The opposition MPs caused chaos in the #Parliament. #Albania pic.twitter.com/ZyolVYCBoa
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 7, 2023