Полицијата ги пропушти демонстрантите во Собранието на Република Македонија кои влегоа и во салата за седници, но влегоа и во прес центарот каде се заробени и новинарските екипи и протестантите.
Линковските врски на Телевизија Телма и 24 Вести беа прекинети во момент кога луѓето кои насилно влегоа започнаа да фрлаат тврди предмети. Дамјан Манчевски од СДСМ крвари и најверојатно е повреден кога кон нив фрлија протестантите со тврди рпедмети. ГОлема маса го пробие полицискиот кордон и влезе во законодавниот дом.
Што ќе се случува останува да дознаеме од колегите новинари кои се зарботени во салата. Станува нејасно зошто ја нема полицијата во поголем број и зошто дозволува народот да влезе внатре.