Неколку илјади демонстранти вечерва се излезени на улиците во Скопје, а мирниот протест полека излегува од контрола. Под огромно полициско обезбедување демонстрантите сепак влегоа во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија и целосно ја демолираа.
Турканици со полицијата настанаа и кога демонстрантите се доближија до Министерството за правда каде ги искршија прозорците на зградата, а седиштето на ВМРО-ДПМНЕ го чуваат специјалци и водени топови.
Според јавувањата на медиумите повреден е новинар на порталот Плус Инфо, а полицијата започна со апсење.