Хаос во Северна Ирска по сексуален напад врз тинејџерка (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Полицијата во Северна Ирска денес објави дека уапсила пет лица во врска со дводневните немири во градот Балимена, кои започнаа откако две 14-годишни момчиња од романско потекло сексуално нападнаа тинејџерка.

Демонстрантите ја нападнаа полицијата и запалија куќи и автомобили синоќа по протестот, објави Ројтерс.

Полицијата на Северна Ирска (PSNI) одговори со употреба на водни топови и пукање пластични куршуми за да ја растера толпата, пишува Гардијан.

Немирите повторно се разгореа синоќа во областа Клонавон Терас, каде што се собраа околу 300 луѓе.

Демонстрантите фрлаа предмети кон полицијата, која формираше барикади и се обиде да воспостави контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска обвини тројца мажи за планирање напад врз училиште инспириран од норвешкиот убиец Брејвик

Заменик-шефот на полицијата Рајан Хендерсон изјави дека ќе има зголемено полициско присуство во Балимена во наредните денови, со можност за дополнителни сили од Англија и Велс.

Претседателот на Полициската федерација на Северна Ирска, Лиам Кели, рече дека полицајците спречиле „погром“.

Многу жители на областа, кои не се од ирско потекло, ја покажале својата националност на вратите од своите куќи за да избегнат евентуален напад од страна на демонстрантите, пишува „Белфаст Телеграф“.

Loading...

Тие се појавија пред судот во понеделник, каде што ги негираа обвиненијата, пренесува Танјуг.