ХАОС ВО ХАИТИ: Најмалку еден убиен воочи погребот на претседателот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице е убиено, според очевидци, за време на бран насилство што ги зафати улиците на Хаити во пресрет на погребот на убиениот претседател Жованел Моиз.

Loading...

Илјадници работници ги напуштија своите работни места во северниот дел на Хаити, откако демонстрациите во близина на градот каде што се роди убиениот претседател станаа насилни пред неговиот погреб, пренесува trtworld.

Според новинарите на АП, тие виделе тело на еден човек кога очевидци велат дека тој бил убиен во заедницата Картие-Моран, која се наоѓа во близина на неговиот роден град.

 

Воспоставени се блокади меѓу двете заедници, а на автомобилите им е забрането привремено влегување и излегување, додека во близина се креваат два облаци со густ црн чад.

Многу работници, во една линија, набрзина чекореа по главниот пат што ги поврзува Картие-Моран со Кап-Хаитиен, градот каде што треба да започнат настаните организирани пред утрешениот погреб.

Луѓето кои избегале тврдат дека виделе запалени гуми и мажи со пиштоли кои барале правда за Моиз.

Loading...

Една жена, која останала без здив, рече дека вооружени мажи и рекле да оди, по што другите работници го послушале нивното предупредување и ја напуштиле областа.

Таа истакна дека се плаши за својот живот.

Абнел Пјер, кој работи во индустрискиот парк, рече дека бил принуден да пешачи 45 минути до куќата, бидејќи автобусот, во кој се превезуваат работници, заглавил меѓу блокадите.

Ова се првите насилни демонстрации откако Моис беше убиен во неговиот дом.

 

Leave a Reply