Хаос во Аргентина и Уругвај: Силно невреме однесе 16 животи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во силно невреме што викендов ги погоди Аргентина и Уругвај се искачи на 16.

Loading...

Уругвајската метеоролошка агенција соопшти дека две лица загинале откако силни налети на ветер го погодиле југоисточниот дел на земјата во неделата рано наутро.

 

 

Во Аргентина, една жена почина во неделата рано наутро во градот Морено, откако ја удри гранка од дрво, јавија локалните медиуми.

Тринаесет лица загинаа во градот Баија Бланка во саботата откако ѕид се урна во невремето.

Аргентинскиот претседател Хавиер Мајли го посети местото на несреќата во неделата.

Loading...

Силните бури соборија дрвја и столбови за светло во главниот град Буенос Аирес.