Украинските војници испукаа неколку истрели во воздух за да го спречат стампедото на главната железничка станица во Киев додека илјадници луѓе се обидоа да се качат во возовите за евакуација во петокот.
Толпата беше таква што не секој можеше да се качи во возовите од Киев до Лавов на западот на земјата, додека стравот од руски напад растеше.
Кога возот застана на перонот, луѓето се упатија со надеж дека ќе влезат, некои од нив со деца и домашни миленици.
Откако се слушнале врисоци, чуварите испукале неколку истрели во воздух за да ја растераат толпата.
Триесетгодишната Марија се откажала од обидот да замине откако поминала неколку часа на платформата со сопругот, детето и кучето.
„Можете сами да видите, опасно е да се пробие низ толпата со дете. А кучето е исплашено. Искрено, ние сме исцрпени“, изјави таа за новинарот на Ројтерс.
Се обидоа да заминат и некои странски студенти. Една од нив, девојка од Монголија која се наоѓала на платформата, рече дека нејзе и нејзините колеги студенти добиле можност да бидат евакуирани дома доколку стигнат до Полска, која граничи со западна Украина.
Додека украинските војници минуваа низ станицата, луѓето аплаудираа и извикуваа воени поздрави: „Слава на Украина!“, „Слава на хероите!“
„Не се плашам од ништо“, рече Ирина, 35-годишна жена која исто така не успеа да се качи во возот. „Ние се залагаме за вистината и ако сме за вистината, Бог е на наша страна. Подготвена сум да останам во Киев доколку е потребно и да дадам морална поддршка за нашата армија“, рече таа.
Многу други решија да си заминат, а патиштата што водеа од главниот град беа пренатрупани пред некој ден.
Десетици илјади веќе успеаја да ја напуштат земјата, главно жени и деца, додека на мажите кои се доволно возрасни за да се борат им беше кажано да останат.
Gunshots rang out on a crowded platform at Kyiv station, as people tried to board a train to escape the city ⤵️
🔴 LIVE updates: https://t.co/BLd5NA7n4X pic.twitter.com/CAJVADUqGW
— Al Jazeera English (@AJEnglish) February 25, 2022

