Владее целосен хаос пред првиот грен слем турнир – Австралијан опен!
Поради исклучително строгите регулативи на локалната самоуправа, и сè што беше поврзано со пандемијата на коронавирусот, дури 72 тенисери беа принудени на строг карантин.
Поради нови случаи на заразени во два одделни лета, многумина во Мелбурн практично се осудени на „затвор“ и не можат да ги напуштат своите хотелски соби или да тренираат во следните две недели.
Некои од нив дури беа критикувани затоа што ги отвориле вратите на собите за да комуницираат со другите на нивниот кат во хотелот.
Не се тренира на терените, затоа тие се принудени да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Казахстанката Јулија Путинцева се најде во прв план откако пријави дека има глувче во нејзината соба, а сега решила да тренира како и да е, на начин што досега не го виделе професионалци.
С топчето удирала по зидот во собата, покрај неа истата метода на тренинг ја имаа и Пабло Куевас и Денис Шаповалов.