Хаос поради бура, откажани многу летови во Шкотска и Ирска, училишта затворени

Сподели со своите пријатели

Поради бурата Еовин, училиштата и универзитетите во Ирска и Шкотска денеска се затворени, а откажани се и голем број летови од аеродромите во Глазгов, Единбург и Даблин, како и полетувања на траекти во Ирското Море.

Loading...

Аеродромот во Даблин соопшти дека авиокомпаниите откажале повеќе од 110 планирани полетувања и 110 пристигнувања за денеска, заклучно со 3.30 часот, објави Скај њуз.

„Понатамошни откажувања и одложувања на летови се можни подоцна во текот на денот“, се вели во соопштението.

Аеродромите во Глазгов и Единбург соопштија дека десетици полетувања и пристигнувања биле откажани во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Латвија има 1.562 нуклеарни засолништа, се размислува за изградба на нови

Неколку железнички оператори издадоа предупредувања „не патувај“, а Шкотска железница денеска ги прекина сите услуги низ Шкотска, велејќи дека „би било небезбедно да се оперираат патничките услуги поради прогнозираните временски услови“.

Предупредувањата за патување важат за рутите низ северен Велс, Шкотска и северна Англија.

Ирска ја забележа највисоката просечна брзина на ветерот досега, речиси 135 километри на час, измерена во Мејс Хед во 4 часот утринава.

Со оглед на предупредувањата за потенцијалните опасности од бурата Еовин, денеска ќе бидат затворени сите училишта во Северна Ирска, како што вчера најави министерот за образование Пол Гиван, а своите продавници ги затворија и синџирите на супермаркети Лидл и Теско.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европскиот суд пресуди: Одбивањето се*с не е причина за развод!

Ќе бидат затворени и судовите, каде деловното работење, како што е најавено, ќе се води од далечина, како и здравствените установи кои најавија дека сите термини треба да се сметаат за откажани, освен ако пациентите не биле конкретно контактирани за да им се каже поинаку.

Ирските и британските метеоролошки агенции објавија највисоко ниво на тревога за цела Ирска, Северна Ирска и делови од Шкотска, предупредувајќи дека ветровите со јачина до 130 километри на час можат да бидат опасни по живот.

Официјални лица рекоа дека тоа е прв пат цела Ирска да биде ставена под црвен аларм, по бурата Офелија во 2017 година, во која загинаа три лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си-Ен-Ен објави отпуштање на околу шест отсто од својата работна сила