Два авиона на американската компанија „Делта ерлајнс“ се судрија на пистата на аеродромот „Лагуардија“ во Њујорк синоќа.
CBS News објави дека „Делта ерлајнс“ соопшти дека се случил „судир со мала брзина“ помеѓу летот 5047 на нејзината регионална авиокомпанија „Ендевор“, кој пристигнал од Шарлот, Северна Каролина, и летот 5155 на истиот превозник, кој требало да полета за Роаноук, Вирџинија.
„Ендевор“ е подружница на „Делта ерлајнс“.
Управата во Њујорк и Њу Џерси соопшти дека несреќата се случила непосредно пред 22 часот по локално време.
Прелиминарните информации укажуваат дека крилото на авионот на летот 5155 дошло во контакт со трупот на друг авион.
„Делта ерлајнс“ изјави дека стјуардесата претрпела полесни повреди и дека на лице место ѝ била укажана помош од лекари за итни случаи.
– Повреденото лице е префрлено во болница – соопшти Пристанишната управа.
Во првиот авион 5155 на компанијата „Ендевор“ имало 32 лица – 28 патници и четири члена на екипажот, а во вториот 61 лице, од кои 57 патници и четири члена на екипажот.
Продуцент на CBS News, кој бил на летот 5047, снимил видео од мобилен телефон од оштетувањето на крилото на другиот авион.
На видеото, пилотот на летот 5047 може да се слушне како им кажува на патниците преку интерфон дека „изгледа како авионот да се судрил со нас“.
– Немало влијание врз работењето на аеродромот – соопшти Пристанишната управа.
BREAKING: Two Delta Airlines aircraft collide while taxiing at LaGuardia International in New York pic.twitter.com/Bzd33IAvlN
— Intel Point Alert (@IntelPointAlert) October 2, 2025