Хаос на чешката граница: Земјоделци од 10 европски земји ги блокираа премините

Сподели со своите пријатели

Земјоделците од Чешка, Словачка и уште осум европски земји денеска протестираат долж чешките граници блокирајќи одредени премини и бараат намалување на бирократските процедури и промена на политиката на ЕУ кон земјоделците.

Loading...

Земјоделците со стотици трактори го блокираа преминот Ходонин-Холиќ на чешко-словачката граница, а на протестот беа забележани и унгарски земјоделци.

Чешки и полски земјоделци делумно блокираа и граничен премин во североисточниот дел на Чешка, каде што десетици трактори беа паркирани на страната на патот, објави чешката новинска агенција ЦТК.

Чешката земјоделска комора соопшти дека само на протестите во Чешка учествуваат 3.000 трактори, пренесе Ројтерс.

Словачките земјоделци, исто така, возеле низ словачкиот главен град Братислава со трактори.

Денешните гранични протести ги иницираше чешката аграрна комора, која ги повика да се приклучат и другите земји од Централна Европа.

Земјоделците исто така се против политиката на ЕУ која повикува на ограничување на употребата на хемикалии во земјоделството и намалување на емисиите на стакленички гасови, што ги прави производите на европските земјоделци поскапи од оние кои се увезуваат од земји кои не се членки на ЕУ.

На протестот учествуваат земјоделци од 10 земји од ЕУ, од Централна Европа до Балтикот и Балканот, најавија организаторите.

Loading...

Земјоделците ширум Европа годинава ги зајакнуваат протестите, вклучително и во Полска, Франција, Германија, Шпанија и Италија, поради ниските откупни цени, високите трошоци за производство и евтиниот увоз на земјоделски производи.