Муслиманските земји мора веднаш да прекинат со сите форми на трговска и економска соработка со Израел, изјави иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на говорот пред студентите.
„Она на што муслиманските земји мора да се согласат безусловно и веднаш е прекин на тие злосторства во Палестина што ги прави Израел. Извозот на нафта и храна мора да се запре. Муслиманските земји мора да престанат со сите форми на трговска и економска соработка со Израел“, рече Хамнеи, пренесе РИА новости.
Минатата недела претседателот на Исламската Република, Ебрахим Раиси, го обвини Израел дека „ги преминува црвените линии“.
Претходно овој политичар најави и дека Техеран нема да ги следи предупредувањата на САД за немешање во ситуацијата околу Појасот Газа.
Сепак, тој ги отфрли обвинувањата дека Иран стои зад нападите на Хамас врз Израел.