Хамбург: Осум убиени на состанок на Јеховини сведоци, неколку повредени

Сподели со своите пријатели

Германската полиција денеска соопшти дека во напад на состанок на Јеховините сведоци во Хамбург загинале осум лица, а неколку лица се повредени.

Loading...

Полицијата наведува и дека се верува дека напаѓачот е меѓу загинатите во Салата на Царството, местото на собирање.

Медиумите јавуваат дека напаѓачот е поранешен следбеник на Јеховините сведоци.

Полицијата во Хамбург го смета нападот врз црквата за изолиран инцидент, објави агенцијата ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори.

Сѐ уште не се познати мотивите за нападот.

Претходно полицијата преку апликација за тревога ги повика граѓаните да се засолнат и да останат во своите домови се додека напаѓачот или напаѓачите се во бегство.

„Барајте засолниште што е можно побрзо“, се вели во пораката.

Воедно се апелира до граѓаните да не шират неточни информации преку социјалните мрежи.

Loading...

Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово го осуди „бруталниот чин на насилство“ на состанокот на Јеховините сведоци во Хамбург.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер рече дека е „потресена од ужасниот чин на насилство во заедницата на Јеховините сведоци во Хамбург“.

Заедницата на Јеховините сведоци денеска изрази „длабока тага“ поради нападот „на нејзините членови“ по верската служба.