Хамас: Новиот израелски напад е смртна пресуда за преостанатите заложници

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Хамас рече дека „новите израелски воздушни напади врз Газа претставуваат смртна пресуда за преостанатите израелски заложници“.

Loading...

„Одлуката на Нетанјаху да се врати во војната е одлука за жртвување на затворениците од окупацијата и смртна пресуда за нив“, рече Езат ал Ришк, лидер на Хамас и член на политичкото биро на палестинската група.

Како што додаде, „непријателот нема да го постигне со војна она што не успеа да го постигне со преговори“.

Во израелските напади загинаа повеќе од 320 луѓе, според Министерството за здравство на Газа.

Прекинот на прекинот на огнот уследи по неколкунеделни тензични преговори и им носи ново страдање на жителите на Појасот Газа, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија и ја блокираше хуманитарната помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Состанок на Советот за безбедност на ОН за Газа и новите израелски напади

Цивилната одбрана во Газа соопшти дека голем број луѓе се „заробени под урнатините на домовите кои биле бомбардирани во различни области“ и дека меѓу загинатите има голем број деца.