Хамас: Не исклучуваме дека израелската армија донела оружје во болница

Сподели со своите пријатели

Високиот функционер на Хамас Басем Наим рече дека видеото на израелската војска на кое наводно се гледа оружјето пронајдено во болницата Ал-Шифа во Газа е „смешно и безвредно“ и додаде дека Хамас не исклучува дека израелската армија „го донела оружјето и го ставила во Ал- Шифа“.

Loading...

Синоќа, Наим рече дека целта на Израел е да ги „исцеди“ болниците и медицинските центри и да го раселува населението во Газа и потсети дека 25 болници на територијата сега не се во функција поради „бомбардирање, опсада и уништување“, според БиБиСи Хамас претходно ги негираше тврдењата дека работи од болница.

Би-би-си потсетува дека медиумите не биле присутни кога израелската армија наводно пронашла оружје во болницата Ал-Шифа и нагласува дека не може самостојно да ги потврди тврдењата на ниту една страна.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во средата објавија наводни докази за оружје на Хамас пронајдено во болницата Ал Шифа за време на претресот на медицинскиот центар – слики и видеа на кои се прикажани неколку јуришни пушки, гранати и друга воена опрема.

Како што тврдат, при претрес во едно од одделенијата на болницата војниците пронашле соба во која имало уникатни технолошки средства, борбена опрема и воена опрема што ја користи Хамас.