Хамас: Израел бомбардираше бегалски камп во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство со кое раководи Хамас денеска соопшти дека Израел доцна синоќа бомбардирал бегалски камп во Појасот Газа, наведувајќи дека десетици луѓе се убиени и ранети.

Loading...

Во објава на Фејсбук, портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф Ал-Кудра, потврди дека израелските сили го бомбардирале кампот Ал Шати во Газа, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море, но израелската армија се уште не ги коментира овие наводи, пренесува Ројтерс.

Ал-Кудра рече дека меѓу жртвите има деца и жени, без да даде дополнителни детали, а палестинските медиуми наведуваат дека загинале пет лица, иако Ројтерс не може веднаш да ги потврди информациите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледал Бејрут во моментот на експлозијата на пејџери (ВИДЕО)