Командантот на Хамас во Појасот Газа, Из ал-Дин ал-Хадад, ќе ја преземе функцијата лидер на военото крило на палестинската организација на местото на Мухамед Синвар и неговиот брат Јахја Синвар, кои беа ликвидирани.
Според Европскиот совет за надворешни односи, Ал-Хадад е член на воениот совет на Хамас и од 2021 година е на чело на бригадите Из ал-Дин ал-Касам (военото крило на Хамас) во градот Газа, додека од ноември 2023 година командува со Бригадата Северна Газа, објавува „Џерусалем пост“.
Се вели дека Ал-Хадад преживеал шест обиди за атентат и бил задолжен за обнова на цивилната и воената инфраструктура за време на примирјето со Израел.
Тој, исто така, наводно бил одговорен за обезбедување дека предавањето на заложниците ќе помине непречено.
Израелските медиуми претходно објавија дека тој веројатно ќе биде новиот воен лидер на Хамас и наследник на браќата Синвар, бидејќи тој е последниот преостанат од првичните пет команданти на таа бригада пред почетокот на војната во октомври 2023 година.
Со оглед на големиот број убиени команданти на Хамас, можно е ако и Ал-Хадад биде убиен, да не остане ниту еден висок функционер на Хамас способен да го координира целиот договор за заложници.
Ал-Хадад, според разузнавачките информации, има право на вето врз предложените договори за заложници.
Покрај тоа, Ал-Хадад ја контролира фракцијата што ги држи израелските заложници и има право на вето врз предлогот што го изнесе Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.
Токму Ал-Хадад го координираше нападот на Хамас на 7 октомври, вклучително и собир на команданти ноќта пред нападот, кога дистрибуираше писмени упатства за тоа како да се спроведе операцијата.
За главата на Ал-Хадад претходно беше понудена награда од 750.000 долари за информации што ќе доведат до неговата локација.
Тој е многу претпазлив кога станува збор за јавни или медиумски настапи и комуникацијата со него е сведена на минимум.
Handing down a martyrdom sentence for a clearly expendable candidate…His ‘survival times; have clearly run out…
Hamas’s Gaza City commander, Izz al-Din al-Haddad, to replace Sinwar as Hamas chief.
Al-Haddadd reportedly survived six assassination attempts and was reportedly… pic.twitter.com/JO2bLye0i9— Rita Rosenfeld (@rheytah) June 2, 2025